Протест на АФД во Берлин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчера неколку илјади приврзаници на германската  екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) се собраа во центарот на Берлин во знак на протест против владата на канцеларката Ангела Меркел, а нивните противници се собраа на контра- митинг.

На почетокот на протестот, претставникот на АфД Беатрикс фон Шторх им рече на 2 000-те  поддржувачи дека „владеењето на овој ислам во Германија е, едноставно, зло”.

Поддржувачите на АфД во протестниот марш од главната железничка станица во Берлин до Бранденбуршката порта, извикуваа „Меркел мора да си оди” и “Ние сме народот”.

На другата страна на реката, во близина на Рајхстагот, илјадници синдикалци, обичните граѓани на Берлин и на членовите на некои здруженија и партии се спротивставија на десницата, и ги спречија поддржувачите на АФД да поминат по претходно планираниот пат, блокирајќи им еден мост.

Во Берлин се распоредени повеќе од 2 000 полицајци за да се спречи евентуални нереди.

АфД стана најголемата опозициска партија во Германија од парламентарните избори минатата година, кога освои 12,6 проценти од гласовите.

 Протестот се одржува под името „Иднината на Германија”.

МИА

Share.