Протест на Магнолија против промената на името

0
1583

На плоштадот Магнолија во Битола се оддржува како што беше најавено студентски протест против промената на името и како што велат организаторите „Млади за Македонија“, против претворањето на земјата во двојазична држава.

„Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитетот. Исто така, студентите се бунтуваат и против незаконското и насилно воведување втор јазик на целата територија на државата“ велат тие.

„Да го крениме нашиот глас против промена на нашето име и идентитет! Никој нема право да ги прекршува нашите човекови права и нашето достоинство и да не пронудува да го смениме нашето име“ додаваат тие.