Протест на овоштарите од Преспа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со своите трактори производителите на јаболка од Преспа два часа денеска го имаа блокирано патот Битола-Ресен кај месноста Макази.

Бараат итна средба со премиерот Заев и министерот за земјоделие Николовски за изнаоѓање решение за слабиот пласманот на јаболката.

Исто така бараат и  интервентната мерка на Владата со која се субвенционираа индустриските јаболка со три денари за килограм, а која важеше од октомври до 25 декември лани, да продолжи годинава до 30 јуни.

Поставија и рок до крајот на март  да се исплатат субвенциите за минатата година, а до крајот на јуни и парите од интерветната мерка за јаболката откупени од октомври до 25 декември лани.

Доколку не добијат одговор на поставените барања велат дека протестите ќе ги радикализираат.

АМСМ соопшти дека од 11:30 часот, сообраќајот на патниот правец А3 Битола-Ресен кај м.в. Макази е нормализиран.

sdk.mk

Share.