ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ НА ПАЗАРЏИИ ОД ПАЗАРОТ ВО НОВА БИТОЛА

Советот на општина Битола денеска ја одржува 16-те седница. Пред почетокот на седницата имаше протест на пазарџии од пазарот во Нова Битола, пред зградата на општина Битола.

Пазарџиите се во салата каде треба да започне седницата на Советот.

Од СДСМ велат дека пазарџиите бараат одговори од градоначалникот Тони Коњановски и советниците од коалицијата ДПМНЕ – Поинаку за нереализираните ветувања! Набркани од паркингот каде со години продаваа, а без услови за работа во новиот пазар! ДПМНЕ и Поинаку ги оставија пазарџиите на цедило“, велат од СДСМ.

Од Левица велата дека земјоделците бараат промена на одлуката и повторно враќање позади новиот пазар.

„Денес, моментално, присутни се во Советот каде што се чека дали ќе биде изгласана предлог одлуката од страна на советничката група на Левица“ велат од Левица.