Протест на скопскиот плоштад за прекин на преговорите со Грција

0
500

На плоштадот Македонија во Скопје денеска се одржа протест на движењето „Нашето име е наше право“ на кој беше побаран прекин на преговорите за името со Грција под посредство на Метју Нимиц. Демонстрантите побараа и ослободување на притворените за настаните од 27 април.

Организаторите од движењето „Нашето име е наше право“ велат дека се незадоволни од политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Организаторите почочуваат дека на протестот излегле многу луѓе и покрај многубројните партиски опструкции и од власта и од опозицијата.