Протест пред Собранието на Македонија

0
456

Поголем број граѓани вечерва пред македонското Собрание протестираа против договорот со Грција и против промена на уставното име на Македонија.

Тие со пиротехника, пеење патриотски песни и повици „Оставка од Заев“, „Бесилка за предавниците“, „Името не го даваме“… бараа договорот со Грција да не се потпише и му дадоа поддршка на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој денеска рече дека нема да го прифати договорот.

Официјален организатор на протестите немаше.

Молотов коктел бил фрлен кон собраниската зграда, за време на протестите против промената на името.

Дел од присутните држеа запалени бакли и пеаа патриотски песни.

Кон Собранието се фрлаа шишиња, конзерви, камења.