Протест пред Собранието против Законот за јазиците

0
205

Во моментов има протест пред Собранието на Македонија против законот за јазиците, кој е на дневен ред на денешната седница закажана за 13 часот. Пред Собранието има и силно полициско обезбедување.

Демонстрантите извикуваат „Во Македонија на македонски“.

Законот за употреба на јазиците денеска повторно ќе се најде пред пратениците. Ова е договорено на вчерашната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, меѓу координаторите на пратеничките групи.

Сепак,  уште е неизвесно што ќе се случува на денешната седница во Собранието имајќи го во предвид инсистирањето на опозицијата собранискиот спикер согласно деловникот да отвори амандманска расправа.