Противпожарните екипи од Бугарија се вклучија во гаснењето на пожарите

Заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Зулфикар Зејнулаи на граничниот премин кај Делчево го пречека тимот за заштита и спасување од пожари на Р. Бугарија.

Пристигнати 25 пожарникари со 6 различни возила, кои ќе се упатија на критичните места опфатени со пожари на координација од ДЗС.

Подоцна соопштија  дека тимот за заштита и спасување од пожари од Р. Бугарија заедно со тимовите на ПОЗС Берово и заменик директорот пристигна на опфатените подрачја од пожари во Делчево и Пехчево каде се пожарите се активни и ќе останат до гасење на истите.

Директорот пак на дирекцијата  Беким Максуту за телевизија ТВ 21 покрај состојбата за пожарите во земјата, итната координација и навременото дејствување со Тимовите за заштита од пожари изјави дека според сите показатели ове пожари се подметнати.

Најдоцна до утре се очекува во земјава да пристигнат 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите. Помошта од Словенија се реализира по вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, ѝ напишал министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Македонија може да смета на своите пријатели во неволја. Хеликоптери од Србија веќе се во Македонија и помагаат во гаснењето на пожарите

Сподели