Против родово базираното насилство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Жените политичарки во битката против родово базираното насилство. Женските форуми, униите на жени од политичките партии ги поканија на трибина во Битола, градот од каде што ја почнаа кампањата.


„Важноста на женското здружување во борбата против родово базираното насилство“ е темата на трибината и нивната кампања, во која велат дека не е важно на која политичка партија припаѓаат жените, треба да се води оваа битка.


Иако сега се случува и кампањата 16 дена активизам против насилството врз жената, тие сметаа дека тоа треба да се прави цела година. И велат дека се задоволни од покажаниот интерес во Битола односно одзивот на јавноста.

Трибината бешее во организација на Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство и женските организации (Форуми и Унии) во рамки на политичките партии и е една од активностите предвидени во Програмата за соработка помеѓу Националната мрежа и Женските Форуми и Унии на жени.

Share.