ТЕРА

REKLAMA???

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ НА КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА НА „ЗНАМ“

На кандидатската листа за пратеници од изборната единица пет на Движењето „Знам“ е и професорот од техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски.

Вели дека дури 7 од 20-те кандидати на листата во петтата изборна едници се со потекло од Битола, а тој се наоѓа на шестата позиција.

Роден 1968 година во Битола и работи на Технички факултет Битола од 1991 година. Бил биран во сите наставно-научни звања, од помлад асистент до редовен професор, на која позиција е избран уште во 2005 година.

Предава група предмети на подрачјето од теориска и применета механика, на машинскиот отсек и отсекот за мехатроника. Се занимава и со електроника и роботика, а во последно време и со статистичка анализа на јавно достапни податоци.

За јавноста познат и по неговите ставови за „Чебрен“ и анализите за пандемијата со Ковид 19.

„Иако на кандидатската листа сум на недобитна позиција, со моето кандидирање движењето ЗНАМ и јас лично сакаме да упатиме порака дека во партијата има лица коишто со техно-економски анализи, базирани на докази ќе им обезбедат поткрепа на нашите пратеници во нашата борба за Македонија како самоодржлива држава, особено во енергетиката и земјоделството. Ова воедно претставува и главен мотив за моето приклучување кон Движењето ЗНАМ – за наша Македонија“ вели Трајковски.

Инаку носителка на листата во петтата изборна единица е Весна Бендевска.