Профил на социјалните мрежи и имејл адреса за да се добие американска виза

0
230

Патниците кои што ќе сакаат да ги посетат САД наскоро ќе мораат да даваат и информации за нивните идентитети на социјалните мрежи.

Ќе мораат да приложат и податоци за претходните телефонски броеви кои ги имале и е-маил адреси. Ова го соопшти американското Министерство за надворешни работи.

Патниците ќе имаат обврска да даваат податоци за последните пет години – каде претходно патувале во странство, броевите на телефоните кои ги користеле во тој период, е-маил адресите и профилите кои ги имаат на друштвените мрежи. За оваа мерка и за нејзиното усвојување ќе се одлучува на 29 мај.

Мерка ќе се однесува на околу 10 милиони луѓе годишно кои сакаат да извадат туристичка виза или пак да емигрираат во САД. Ваквите мерки нема да се однесуваат на дипломатите и на владини претставници.

Во предлогот не се споменува програмот за изземање од визи (ЕСТА) кој го користат државјани на околу 40 богати земји, меѓу кои 30 во Европа. Овој програм овозможува престој во САД во период од 90 дена без процедура за добивање виза.