ТЕРА

REKLAMA???

ПРОФ.ДР.АТАНАСОВСКИ: ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА ТРЕБА ДА СЕ РАСКИНЕ

Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се раскине, вели историчарот проф.д-р. Александар Атанасовски и смета дека Комисија не е потребна, бидејќи според него таа работела по диктат.

„ За да имате договор за добрососедство треба меѓусебно да се почитувате и да се уважувате. Ние такво нешто немаме. Неможе некој да ти биде добар сосед ако те негира како народ, ти негира потекло, ти негира јазик итн. Нема што да бараме од Бугарија. Тие отидоа подалеку, дури за жал и ЕУ е на нивна страна, сега ЕУ нас не критикува колку сме ги онеправдале Бугарите во Македонија, а за Македонците никој не зборува, а многу повеќе се Македонци во Бугарија него Бугари во Македонија. Мислам дека нашите политичари треба да престанат да се омаловажуваат а и нас да не омаложуваат, народот, туку едноставно да ги прекинат преговорите со ЕУ и Бугарија. Историјата ние историчарите ќе си ја докажуваме. Комисија не ни треба, комисијата работи по диктат“, рече професорот Атанасовски.