Прочистувачи за воздух за градинките Мајски Цвет

0
3006

13 приватни фирми, вработените во дел од нив во соработка со Општина Битола обезбедија 67 прочистувачи за воздух за детските градинки во Битола.

Ова беше иницијатива на Битолската млекара во соработка со Кромберт и Шуберт и Синпекс, општината се приклучи со два прочистувачи. Кон оваа акција се приклучија и приватните стопанственици од фирмите Интерворкс, Цилиндо Интернационал АпС, Екотип, Млекара Јуниор, Џили, Стентон, Киро Дандаро, СН Брокер, СН Финансии и Евротип.

Денешната втора донација се однесува на занималните во градинката „Мајски цвет“. Иницијативата за донирање на прочистувачи на воздухот беше покрената и од Петра Поп Ристова, еколог и родител на дете што престојува во една од градинките.

– Оваа е втората фаза во која се оствари да се донираат 67 прочистувачи на Битола, сакам да се заблагодарам. Успеавме со оваа акцја и сум многу горда на сите, изјави Петра ПОп Ристова

Градоначалничката Петровска се заблагодари на компаниите за донацијата и истакна дека е пријатно изненаден од одзивот на фирмите и институциите кои покажале голема општествена одговорност.

Во периоди со висок степен на загаденост на воздухот во Битола луѓето, а особено децата, треба да престојуваат во затворени простории во кои воздухот ќе биде прочистен со помош на ефикасни уреди за прочистување на истиот.

Покрај преземањето на разни мерки за справување со овој проблем, најважно е да се едуцираат децата уште од најмала возраст за проблематиката со загаденоста на воздухот во нашата држава, и како можеме сите ние индивидуално и групно да придонесеме.

– Чистата животна средина а особено чистиот воздух се клучни за правилен раст и развој, како и за нормално функционирање на човечкиот организам . Сите ние во Интерворкс сме свесни з атоа, како и за фактот дека децата поминуваат речиси половина од нивниот ден во училиштата и градинките, па поради тоа одлучуваме да се вклучиме во оваа акција освен тоа што значително ќе се подобри квалитетот на воздухот во установите во кои се згрижени децата, ќе се подигне и свеста кај секој еден човек за влијанието на загадениот воздух како и за потребата од чиста животна средина. Се надеваме во иднина ќе имаме повеќе иницијативи за вакви акции во кои сите би придонеле на некој начин, велат од Интерворкс Битола

– Со нашето вклучување во оваа акција помагаме во обезбедувањето на потребните прочистувачи за воздух во целиот функционален простор на детските градинки во Битола. Истовремено, на овој начин и како луѓе и како компанија ја реализираме нашата општествена одговорност насочена кон грижата на човековото здравје, велат од Екотип Скопје

Градинките „Естреја Овадија ‒ Мара“ и „Мајски Цвет“ располагаат со вкупно 16 објекти во кои се лоцирани 67 занимални за дневен престој на децата, со вкупна површина од околу 9.000 м2.