ПСЖ донираше 100.000 евра во борба против ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Францускиот клуб издвои 100.000 евра, кои се донирани во добротворен фонд за разни намени.

Станува збор за набавка на медицинска и санитарна опрема за лекарите, обука на 2.000 волонтери; набавка на 5000 помагала за наставниците за студентите кои не можат да посетуваат часови.

Дел од парите ќе бидат наменети за финансирање на приватните засолништа кои им помагаат на околу 900 бездомници како и за помош за старите и осамените лица на кои им се доставуваат 10 илјади пакувања храна и производи за хигиена.

Share.