Публиката пееше заедно со Каролина Гочева на концертот во Битола

0
650

Каролина Гочева  после концертниот маратон во Скопје и настапот во Охрид,  одржа концерт во Битола во Центарот за култура.

Битолската публика имаше можност да ги слушне деветте нови песни од Извор кои Каролина за првпат ги изведе на концертните маратони во Скопје.
Убав живот, Млади багреми, Газам боса, Нема песна за мене, Ѕвона, Бели цветови, Ти не дојде, Земи го срцево, Да е сон, Будна и Епилог, се песните од Извор.

Покрај овие песни таа изведе и дел од песните од Македонско девојче.
На крајот, публиката ја врати на бис, а Каролина микрофонот и го отстапи на малата Александра од групата девојчиња со кои заедно ја пееја песната „Ѕвона“.
Насловната корица на албумот Извор ја краси портретот на поп пејачката, насликан од нејзиниот сопруг, познатиот уметник Михаил Корубин.

Текстот на песните е на Весна Малинова, една од композициите е потпишана од Весна Петрушевска, музиката е на композиторот Никола Мицевски.

За оние кои првата вечер не можеа да бидат дел од оваа концертна промоција Авалон продукција ги поканува денес  на истото место да уживаат во песните од новиот албум на Каролина.