Пукање во центарот на Берлин

0
484

Берлинската полиција ја држи опколена Берлинската катедрала во центарот на градот откако еден полицаец застрела маж во објектот, пренесуваат агенциите.

Околу 16 часот полицаец застрелал маж во нога, соопшти полицијата на Твитер. Полицијата ја повикал вработен во катедралата, бидејќи забележал дека човек со нож почнал да дивее во момент кога во катедралата имало стотина посетители.

Кога на местото на инцидентот пристигнала првата патрола, еден од полицајците го застрелал напаѓачот, при што биле повредени и непознат човек и друг полицаец, кои сега се на лекување во болница.

Германските медиуми јавуваат дека напаѓачот со нож е 53-годишник, кој се однесувал агресивно и им се заканувал на луѓето во катедралата, но истакнуваат дека инцидентот не се поврзува со тероризам.

mkd.mk