Пукна бомба пред министерството за одбрана во Солун

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Експлозија од импровизирана експлозивна направа била предизвикана пред канцелариите на грчкото Министерство за одбрана во центарот на Солун.

Оваа импровизирана бомба пукна во утринските часови, а експлозијата предизвика помали штети на фасадата на Министерството.

Пожарникарите пристигнале на лице место и го изгаснале огнот што гореше по експлозијата.

Во експлозијата нема повредени. Засега нема информации кој ја подметнал импровизираната бомба, но се претпоставува дека е дело на некоја анархистичка група.

faktor.mk

Share.