Пукна цевка во центарот на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Заради дефект на главната водоводна линија F150, кај Градската Библиотека дел од улиците во строгиот центар на Битола попладнево беа поплавени.

Освен за возилата, водата правеше проблем и за пешаците, особено на преминот на Широк Сокак кај хотелот Епинал.

Веднаш по дефектот екипите на ЈКП “Водовод” излегоа на терен на инервенција за  отстранување на дефектот.

Имаше и полиција кога помагаше во регулирањето на сообраќајот и полесна и поефикасна интервенција на екипите за што поскоро санирање на дефектот.

И доцна попладне од јавното претпријатие соопштија дека екипите на ЈКП “Водовод” интензивно работат на санирање на дефектот на главната водоводна линија, кај Градската библиотека.

 

 

Share.