Путин го прими Ким во Владивосток

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржаа тет а тет средба во Владивосток по што следуваа разговори на поширокоите делагации меѓу двете страни.

Во почетокот на разговорите двајцата лидери се согласија дека Русија и Северна Кореја имаат, како што изјавија,„многу да направат“ за да ги зајакнат економските врски.

Путин, исто така, ги поздрави напорите на Ким за нормализирање на односите на Пјонгјанг со Соединетите држави.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пак, оцени дека неговиот самит со Путин ќе помогне заеднички да ги координираат ставовите во врска со проблемите на Корејскиот полустров.

Ким кој во Владивосток допатува ден пред средбата со Владимир Путин ова го изјави и пред почетокот на самитот:

„Дојдов во Русија со добри чувства, се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и корисна. Се надевам дека преку преговорите со драгиот претседател Путин ќе можам да разговарам за одредени прашања за помирување на Корејскиот полуостров и за развојот на односите меѓу нашите земји. Мој срдечен поздрав до целиот руски народ“.

Самитот во Владивосток, според повеќето руски и странски аналитичари, е одраз на напорите на Русија да се постави како суштествен играч во ќор-сокакот со нуклеарните амбиции на Северна Кореја.

slobodnaevropa.mk

Share.