Путин денеска во Белград

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во долгонајавуваната посета на Белград во текот на која ќе бидат потпишани над 20 спогодби и ќе бидат разгледани некои политички прашања, пред се за Косово, јавуваат српските медиуми.

По пречекот и официјалните разговори Путин и неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ вечер ќе ја посетат црквата „Свети Сава“ каде што е најавен собир по повод престојот на рускиот претседател. Путин последен пат ја посетил Србија во 2014 година. Тој досега со Вучиќ се сретнал 17 пати, а последната нивна средба беше на 2 октомври минатата година во Москва.

Share.