Путин и Ердоган се договорија по воздушниот напад на Сирија

0
879

Претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган по кусиот и еднократен воен напад на САД и нејзините сојузници врз Сирија, се договориле многу поблиску да соработуваат во нивниот итен телефонски разговор.

Турција како членка на НАТО и познат сојузник на САД во регионот даде поддршка за изврешниот воздушен напад врз мети поврзани со можен развој на хемиско оружје и негово складирање иако Ердоган по сопствената копнена воена интервенција не беше премногу проактивен за воениот удар иако навистина упати жестоки критики кон Асад како човек за кој се тврди дека ги отрул сопствените граѓани на најгрозоморен начин во Гута.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин пак, ја повторил позицијата дека нападите лансирани од САД, Франција и Велика Британија против мети во Сирија без согласност на Советот за безбедност на ОН е агресија и нарушување на меѓународното право.

Во случај на некој нови напади или ескалација на судирите, Путин и Ердоган ќе се потрудат поблиску да разговараат за да се најде соодветно решение и да не дојде до уште поголем конфликт кој не завршува во Сирија и по една деценија.