Путин: Мора да ја преполовиме сиромаштијата во Русија

0
182

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека има намера да ја преполови сиромаштијата во земјата во следните шест години, во својот годишен говор за состојбата на нацијата во Москва.

Говорот е последниот пред изборите, на кои се очекува тој да победи.

Путин ја опиша главната политика за својот четврти претседателски мандат.

„Нам ни е секој човек важен“, рече тој, додавајќи дека сака да ги зголеми вработувањето и животниот век.

Тој рече дека во 2000 година 42 милиони луѓе живееле под границата на сиромаштијата; денес има 20 милиони, но ова уште треба да паѓа.

Една руска новинска агенција објави дека Кремљ размислува да се повлече од Европскиот суд за човекови права, со оглед на бројот на пресудите против Русија.

Русија во декември 2015 година усвои закон со кој му дозволи на уставниот суд на земјата да ги поништува одлуките на Европскиот суд во Стразбур.

Изборите ќе се одржат на 18 март.

На рускиот опозициски лидер Алексеј Навални му е забрането да се кандидира.

mkd.mk