Путин на камион го промовираше новиот мост до Крим

0
383

Рускиот претседател Владимир Путин денеска возеше камион на новиот мост, кој ги поврзува Русија и Крим, проект што Украина го осуди за кршење на меѓународното право.

Руската државна телевизија го покажа Путин во камион, заедно со градежни работници, како го поминуваат мостот долг речиси 20 километри, чија цел е да го поврзе Крим со руската транспортна мрежа.

„Ви честитам за овој историски празник“, им рече Путин на работниците, и додаде:

„Тој ќе овозможи развој и нов квалитет на економијата на Крим, и ќе го крене стандардот на живот на граѓаните“.

Украинскиот премиер Владимир Гројсман го осуди проектот, велејќи дека со неговата изградба била оштетена околината, и оти поголемите бродови нема да можат да поминуваат под него за да стигнат до пристаништата на Азовското море.