Путин победи на изборите со над 76 отсто од гласовите

0
253

Рускиот претседател Владимир Путин освои нов шестгодишен мандат. Според официјалните резултати тој победи убедливо на Претседателските избори и покрај бројните извештаи за прекршувања.

Резултатите на Центалната изборна комисија по затворањето на избирачките места покажаа дека од 80 отсто изброени гласачки ливчиња, Путин освоил над 76 проценти од гласовите.

Според Централната изборна комисија на второ место според освоените гласови е лидерот на Комунистичката партија Павел Грудинин со 12,3 отсто. Потоа следуваат Владимир Жириновски со 6 проценти од гласовите и новинарката Ксенија Собчак со 1,5 отсто. Останатите четири кандидати имаат помалку од еден процент освоени гласови.

slobodnaevropa.mk