Путин по четврти пат ќе биде инаугуриран за претседател на Русија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Русија Владимир Путин кој на претседателските избори во март доби 76 насто од гласовите денеска ќе биде инаугуриран по четврти пат. На инаугурацијата и претходеа демонстрации против Путин во саботата во Москва и во други градови на Русија, а кои се одржаа на повик на опозиционерот Алексеј Навални под паролата „Тој не е цар“. Тогаш беа приведени околу илјада и шестотини луѓе. За разлика од претходната инаугурација, Путин нема да мине по улиците во центарот на Москва, туку само од неговиот кабинет до големиот дворец во Кремљ каде што ќе положи заклетва. Потоа владата автоматски поднесува оставка, а Путин со указ именува мандатар за состав на нова влада.

slobodnaevropa.mk

Share.