Путин пристигна во Белград

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ со почесната воена гарда.

Путин слетал околу 13.06, а еден час пред рускиот претседател, на белградскиот аеродром слетал авионот со руската делегација.

По поздравот, Вучиќ и Путин влегоа во лимузината на шефот на руската држава, позната како „Ѕвер“, во која бил извршен и првиот разговор.

Поворката со претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, се упати кон Гробиштата на ослободителите, што ќе биде прва точка на посетата на Путин на Белград.

 

Share.