ПЦР-тестовите да бидат на трошок на работодавецот?

Министерот за здравство Венко Филипче, доцна попладнево се сретна со претседателите на ССМ и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

На средбата, како што соопштија од министерството за здравство, од страна на синдикатите беше предложено, невакцинираните, работници да добијат два слободни дена за вакцинација, мерката за приложен сертификат за примена една доза вакцина, да важи после 15 дена од донесувањето. Синдикатите побараа за оние работници кои не сакаат да се вакцинираат, ПЦР тестовите да ги плаќаат работодавачите.

Министерот Филипче ги ислуша барањата на претседателите на двата Синдикати и кажа дека за тое што тие попладнево му го предложиле, утре ќе се разговара на седница на Влада.

На состанокот, претседателите на двата синдикати, дадоа поддршка на вакцинацијата, свесни за состојбата и сериозноста во која се наоѓа здравствениот ситем, брзото ширење на вирусот, и преоптовареноста на болниците, најмногу од невакцинирани пациенти со ковид.
Сподели