Пјонгјанг одржа воена парада еден ден пред ЗОИ

0
283

Северна Кореја ненајавено денеска, пред самиот почеток на Олимписките игри во Јужна Кореја, ја одржала својата воена парада што вообичаено ја одржува во април. На севернокорејската телевизија била емитувана дури отпосле.

Официјален Пјонгјанг вообичаено многу се фали со своите воени паради и ги најавува, но за најновата се дозна откако се одржала, јавија јужнокорејски медиуми. Во Јужна Кореја овој потег се смета за враќање назад по неодамнешното затоплување на односите.

Годинашната парада што е одржана ненајавено и речиси без помпа, ја одбележува 70-годишнината од формирање на Корејската народна армија, која е формирана на 8 февруари 1948 година.

Зимските Олимписки игри ќе бидат одржани во Пјонгчанг, Јужна Кореја, од утре до 25 февруари 2018 година.