Пјонгјанг се заканува со откажување на средбата Трамп-Ким

0
183

Северна Кореја се закани со откажување на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун превидена за 12 јуни во Сингапур, поради најавените јужнекоројско-американски воени вежби.

Северна Кореја оценува дека воените вежби претставуваат проба за можна инвазија врз земјата.

Во реакцијата на севенокорејските власти се наведува дека воената вежба во Јужна Кореја е намерна провокација насочена против позитивниот политички развој на корејскиот полуостров. Истовремено властите во Пјонгјанг ги откажаа и за денеска предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја.