Работилница во Музичкото училиште за актерска игра

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Државното музичко училиште од Битола, синоќа се одржа едукативен концерт кој беше дел од работилницата „Актерска игра за соло пејачи“, а го работеше професорот по глума на Музичкиот универзитет во Букурешт, како и актер во Национален театар Букурешт, Романија проф. д-р Филип Ристовски.

Оваа работилница се случува за прв пат во Македонија.

Ристовски додаде дека е задоволен од одзивот на учениците и дека во краток период постигнале многу за време на оваа работилница.

„Актерската игра на сцена е важен елемент во оперското пеење, а тоа не се учи низ музичките школи во Македонија, за разлика од Романија“, посочи Ристовски.

Прашавме кој од композиторите е предизвик да го отпее еден Соло пејач.

Дел од оваа работилница беше и Емили Христоска, која е поранешен ученик во Музикчкото училиште во Битола, а сега студент на Факултетот за музички уметности во Скопје на отсек соло пеење, таа кажа дека преку оваа работилница го надоградила својот талент и знаење.

И Мартин Димитриески работеше заедно со останатите ученици од Музичкото училиште на оваа работилница, тој иако не е ученик во Државното музичко училиште, додава дека работи на оперското пееење бидејќи тоа е она што најмногу го сака, а преку оваа работилница дознал за повеќе аспекти на оперското пеење.

На концертот беше прикажана разликата како изгледа една иста композиција интерпретирана од ист пејач со и без актерска игра.

Семинарот беше во организација на Камерна Опера Битола, а со поддршка на Државно музичко училиште – Битола.

Share.