Работиме за намалување на загадувањето, секаков повик за протест е апсурден и лицемерен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Здравјето на битолчани било и ќе биде на прво место за СДСМ. Кога никој немаше слух ние на 4-ти Јануари 2014 година први укажавме на сериозноста на овај проблем со кој се соочува општина Битола. За нештата да бидат појасни дозволете да го демистифицираме заклучокот кој што вчера едногласно го донесе Советот на општина Битола. Апсолутна невистина е дека беше прифатен предлогот на ПОИНАКУ кој беше нереален и несоодветен. Вистината е дека заклучокот е компромис во кој се бара од Владата на Р.Македонија да ги испита сите законски можности за субвенционирана цена на струјата за жителите на општина Битола, но за жал тоа нема да го реши проблемот со загадениот воздух.

Како одговорна и посветена власт на централно и на локално ниво само во последната година        АД ЕЛЕМ заедно со општина Битола вложија над 45 милиони денари за подобрување на амбиенталниот воздух и животната средина во овај регион. Свесни за загаденоста на воздухот во наредниот период општина Битола заедно со Владата на Р.Македонија преку АД ЕЛЕМ ќе реализираат низа проекти и мерки.

Само во 2018 година средствата кои се издвоени за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух се поголеми од вкупно вложените во изминатиот 12 годишен мандат на претходната власт. Од самото доаѓање на новата локална самоуправа, заложбата за транспарентност и отвореност за дијалог е наш приоритет, заради тоа секаков повик за протест е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот.

Загадувањето не настана преку ноќ, тоа е многу посериозен и покомлексен проблем од тоа што некој сака да го прикаже, на здравјето на граѓаните не се добиваат политички поени. Ние остануваме посветени и истрајни до реализација на крајната цел, а тоа е решавање на овај проблем, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

Share.