ТЕРА

REKLAMA???

РАБОТНИК ЗАГИНА ВО БИТОЛА, ДРУГ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера во 15.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле две лица, едното на возраст од 59 години, а другото на 45 годишна возраст и двајцата од Битола.

Од здобиените повреди, 59 годишното лице починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Другото лице е пренесено во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, стои во соопштението на МВР.