Некогашниот руиниран културен дом во Бистрица, повторно ќе стане привлечно место за спортски и културни активности, велат од Општина Битола, во врска до почетокот на активностите за изградба на нова спортска сала.

Објектот кој иако е поврзан со училишната зграда, со која делат заеднички двор, од 1984 година не е во функција, а низ годините неговата состојба се повеќе се влошуваше.


На барање на жителите на населеното место Бистрица, локалната самоуправа, изготви проектна документација за реконструкција на објектот, а денес започнаа работните активности со кои оваа зграда ќе добие целосно нов лик и функционалност, враќајќи го детскиот џагор, поттикнувајќи го натпреварувачкиот и спортски дух кај младите и создавајќи можности за реализација на културни содржини.












