На 38-та седница на Советот на Општина Битола која е закажана за в четврток, пред советниците ќе се најде и решение за формирање на работно тело и именување на членови за изработка на нова Програма за поставување на урбана опрема на територија на Општина Битола.
Оваа тема беше на Комисијата за јавни и комунални дејности, каде зборуваа советниците, претставникот на Завод и музеј и претставници на угостителите.
Еден од заклучоците беше формирање на ова тело кое ќе работи на новата програма околу поставувањето на урбаната опрема, а акцентот беше ставен на терасите на угостителските објекти и како тие се оградени во зимскиот период.
Фото: Март 2020












