ТЕРА

REKLAMA???

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА – НОВИОТ ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО

Поранешната македонска министерка за одбрана Радмила Шекеринска е новиот заменик генерален секретар на НАТО. Веста ја соопшти лично шефот на Северноатлантскиот договор Марк Руте, а бугарските медиуми го искритикуваа што не ја одбрал нивната политичарка.

По објавата во европски „Политико“ од август годинава дека една од можните кандидати за функцијата заменик генерален секретар е македонската политичарка Радмила Шекеринска, деновиве стигна и потврда дека новиот заменик генерален секретар на НАТО е токму таа. Објавувајќи ја информацијата Марк Руте иформираше дека ја именувал Шекеринска за свој заменик, затоа што „таа навистина верува во НАТО и ја знае работата што се однесуѕва на влезот во НАТО и знае што значи да се биде полноправна членка.“

Северна Македонија стана членка на НАТО во 2020 година, а Шекеринска служеше како министер за одбрана. Ги износи сите потребни реформи во одбраната и законската регулатива во државава која сега рамноправно учествува во донесувањето одлуки за сите активности на Алијансата.

Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годината, а според правилникот за процедури на НАТО изменет и дополнет во 2023 година, овластувањата на заменикот генерален секретар се за сите операзии за поддршна на Советот, со право на извршна одлука над Советот во отсуство на Руте или по добивање специјално назналување од генералниот секретар. Го има правото да преземе активности за обезбедување соодветна застапеност на политиките на земјит од страна на делегатите, што подразбира дека може даљ земе збор со промовирање на своето мислење или да ги разјасни линиите на политиката на земјите – членки, или да издава писмени изјави упатени до Советот. Во делот „Одговорност“ се вели дека „Заменик-генералниот секретар е одговорен за сите процедурални прашања што се однесуваат на Советот,  со што му помага на генералниот секретар. Заменик генералниот секретар, во Деловник | НАТО – Северноатлантскиот совет особено, има должност да дава забелешки кога некоја земја-членка е надвор од политиката на која било дадена дискусија и исто така е одговорна за обезбедување на релевантност на содржината и форматот на работните документи пред нивното доставување на верификација од Секретаријатот на конференцијата. Таа, исто така, ќе има надзорна и помирувачка улога во постапката за подготвување коминике во рамките на заштитата на општиот интерес на државите.

Именувањето на Шекеринска на оваа функција предизвика бран негативни реакции во бугарските медиуми. Нивната кандидатка Марија Габриел била во тесна трка со Шекеринска, заради своето политичко минато, била и вицепремиер, министерка за надворешни работи, еврокомесарка.

Бугарските медиуми укажуваат дека и други имиња, како поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац, биле во трката, по консензусот во НАТО улогата да припадне на жена, а жената да биде од источно-европските земји.

Во политичката кариера на Шекеринска, освен министерка за одбрана  е впишана и  функцијата  вицепремиер за европски интеграции, координатор на пратеничката група на СДСМ, долгогодишен пратеник во македонското Собрание, претседател и подпретседател на СДСМ , претседател на СДММ. Радмила Шекеринска е дипломиран електро инженер со неколку објавени трудови од областа на политичката интеграција. Се очекува да ја преземе оваа функција до крајот на годината.