Разговорите од процесот „Жан Моне“ одложени за мај

0
134

За мај се одложени разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, потврдија за МИА од канцеларијата на Вајгл.

Средбата, како што беше најавено, постоеше можност да се одржи од 15 до 17 март во Охрид и на неа освен пратеници од Собранието и тројцата европратеници се најавуваше присуство и на еврокомесарот Јоханес Хан. Главни теми првично на разговорите треба да бидат Деловникот за работа на Собранието и етичкиот кодекс, но претставниците на пратеничките групи во изминатиот период можеа и самите да иницираат прашања за кои би можело да стане збор на средбите.

Од канцеларијата на европратеникот Иво Вајгл истакнуваат дека средбата се одложува за мај само поради организациски причини.