ТЕРА

REKLAMA???

РАЗГОВОРИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЈКП ВО МАКЕДОНИЈА

После остварените средбите со сите јавни претпријатија во сите плански региони во Македонија, АДКОМ ( Здружение на даватели на комунални услуги) ги дефинира клучните проблеми и предлози за нивно надминување.

Со цел поефикасно изнесување на проблемите денес на 07.07.2023 се организира состанок со Министерството за животна средина и просторно планирање, со присуство на министерката Каја Шукова и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги претставувана Шамил Реџепи.

Теми за кој се разговараше на вчерашната средба беа предлозите за надминување на проблемите во јавните комунални претпријатија во Македонија.

1. Решавање на акумулираните долгови за електрична енергија

-Одредување на максимална цена на електричната енергија за ЈКП на местата каде што се користат пумпи и каде што има пречистителни станици

-дефинирање на цена на електрична енергија за ЈКП на места со најголема потрошувачка како цената за домаќинства

-Поддршка од државата за поставување на фотоволтаици

2. Проблем со заостанатиот долг кон “Фонд за води”

-Отпишување на стар долг

-Распределбата на финансиските средства во рамки на планските региони

3. РКЕВУ да ја одредува цената на услугите

– Да има можност за поднесување на измени на цена во пократок рок.

4. Проблемите со превземање на водоводните во руралните средини и квалитетот на водата кој го имаа, секако и потребните вложувања после превземањето.

5. Олеснување на постапката за добивање на дозволи за водно право

6. Подигнување на јавната свест за плаќање на сметките за комунални услуги и други прашања.

Инаку Управниот одбор на АДКОМ на својата 11-та седница одржана на 04.07.2023 година направи приоритизација на проблемите, зазеде ставови по одредени прашања и донесе одлука истите да бидат презентирани пред ресорните институции.

Покрај дискусиите по однос на актуелните проблеми на ЈКП се дискутираше и за спроведување на кампања за

подигнување на јавната свест за значењето на комуналните услуги и за организирање на осум регионални настани во сите плански региони. Утврден е и начинот на организација на настаните и

локациите за нивно одржување.

На средбите во Планските региони ќе присуствуваат сите ЈП од регион и локалните самоуправи.

Исто така и граѓаните со цел да бидат запознаени со актуелните проблеми и пристапот и мерките за нивно решавање.

Овие средби ќе се реализираат во периодот октомври – ноември 2023 година.