ТЕРА

REKLAMA???

РАЗГОВОРИ ЗА РАЗВИВАЊЕ МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Можностите за развивање на меѓуграничната соработка помеѓу двете претпријатија, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес се темите на кои разговараа во ЈП „Водовод“ Битола, директорот Пеце Милевски со своите соработници и директорката на D.E.Y.A.F од Грција и нејзини соработници.

Од ЈП „Водовод“ Битола информираат дека во рамките на посетата за вмрежување на општинско и канализациско претпријатие Лерин во просториите на Водовод од Битола за размена на искуства и имплементација на иновативни технологии во водоводните мрежи.

Беше извршена презентација на дигитални и технички решенија со цел, подобрување на процесот со водоводната инфраструктура и водоснабдувањето.

Средбата заврши со изразен оптимизам и посветеност кон градење силно партнерство.

Присутните го истакнаа значењето на постојаната комуникација и соработка за постигнување на резултати и зајакнување на односите меѓу двете претпријатија.