Ракетен напад од Газа кон Израел

0
216

Најмалку 27 ракети и проектили денеска биле истрелани од Појасот Газа кон јужен Израел.

Светските медиуми јавија дека денешниот напад е еден од најмасовните од 2014 година, односно од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја контролира крајбрежната област.

Повеќето од ракетите и проектилите биле соборени од израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“, соопшти израелската армија.

Засега нема информации за евентуални жртви.