ТЕРА

REKLAMA???

РАКЕТИРАНА ЗГРАДА ВО КИЕВ, ЗА ДЕНЕСКА ПЛАНИРАНО ИЗВЛЕКУВАЊЕ ЦИВИЛИ ОД „АЗОВСТАЛ“

Најмалку десет лица се повредени откако 25-катна станбена зграда во Киев била оштетена во руски ракетен напад, објави Украинската државна служба за итни случаи на Фејсбук.

„Како резултат на непријателското гранатирање, избувна пожар во станбена зграда од 25 ката, а првиот и вториот кат беа делумно уништени“,се вели во соопштението.

За денеска е планирана операција за извлекување на цивили од фабриката „Азовстал“, соопшти кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Како што објавија западни медиуми, Украина се надева дека денеска ќе ги евакуира цивилите кои се наоѓаат заедно со украинските борци во огромната фабрика за челик „Азовстал“ во градот Мариупол.

Рускиот претседател Владимир Путин еднаш изјави дека цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик „Азовстал“, додека милитантите мора да го положат оружјето, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Џосеф Борел смета дека Мариупол е европски Алепо.

„Град кој е целосно уништен. Со илјадници загинати цивили. Ќе дадеме се од себе оваа војна да заврши што е можно поскоро. И затоа ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, напиша Борел на Твитер.