Ракометарите го завршија настапот на ЕП

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската ракометна репрезентација загуби од домаќинот Австрија со 28-32 (12-18) во одлучувачкиот меч од третото коло од групата Б, одигран во Виена, со што го заврши учеството на Европското првенство.

Домаќините со низа од пет погодоци стигнаа предност од осум гола (18-10) во 28-та минута од првото полувреме, користејќи ги грешките на Македонија во нападот, за во вториот дел да го зголемат водството на десет гола, со што дуелот беше одлучен. Црвено-жолтите само успеаја да го ублажат поразот до крајот на мечот.

Роберт Вебер беше најефикасен кај Австрија со седум гола, додека кај Македонија предничеше Стојанче Стоилов со пет погодоци. Австрискиот голман Томас Ајхбергер кој забележа 15 одбрани, беше прогласен за играч на натпреварот.

 

Share.