Распишан конкурс за ученици инспирирани од делата на Блаже Конески

По повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, согласно Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ и Заклучокот на Владата на Македонија  Министерството за образование и наука распиша конкурс  за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески.

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта, а конкурсот се објавува за натпревар во следните категории: Учениците од прво до трето одделение може да учествуваат во следниве три категории:

Прва категорија:

-Награда за најдобра ликовна творба „Блаже Конески низ цртеж“

Втора категорија:

-Награда за најдобра ликовна творба „Буквите низ цртеж“

Трета категорија:

-Награда за најдобра ликовна творба/фотографија

 

Учениците од четврто до деветто одделение може да учествуваат со свои творби на темите:

„Конески бдее над татковината – јазикот“ или„ Поезијата на Блаже Конески- наша ненасушна инспирација“

во следниве категории:

Четврта категорија:

-Награда за најдобра поетска творба

Петта категорија:

-Награда за најдобар расказ

Шеста категорија:

-Награда за најдобра ликовна творба/фотографија

Творбите треба да бидат оригинални, плод на трудот и знаењето на ученикот, инспирирани од богатата ризница на поетски творби на Блаже Конески.

Еден ученик може да испрати само по еден индивидуален авторски труд во една категорија или во повеќето наведени категории, соодветно на одделението во кое учи ученикот.

Повеќе информации за конкурсот има на бев страницата на министерството за образование и наука, а трае до  најдоцна до 20 април 2021 година.

Ќе бидат доделени дваесет и седум  награди, само за освоено прво место, во секоја категорија, за секое одделение од основното образование. Секоја награда се состои од книги.

Сподели