Расправа во Советот за загадениот воздух

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Темата со загадувањето се најде пред денешната главна точка на седницата на Совет, Буџетот на Битола за 2018 година. Од Поинаку предложија иницијатива за носење на законско решение за субвенционирање на електричната енергија за битолчани.
-Субвенционирање на целата потрошена електрична енергија за граѓаните на Општина Битола, промена на филтрите на РЕК Битола и јасно дефинирање на распределбата на средствата од РЕК Битола за општината, како општина која е загрозена од загадувањето.Итна е реализација на проектот за топловод од РЕК Битола кон општина Битола.Меѓуопштинска соработка со сите општини кои сметаат дека се засегнати со проблемот на аеро-загадувањето, изјави Иван Чулакоски советник од ПОИНАКУ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара имплементирање на краткорочните мерки против аерозагадувањето.
– Предлагам измени и дополнувања на дневниот ред со точка. Донесување заклучок со кој што Битола ќе започне со реализација на краткорочни мерки кои што произлегуваат од леатот а се однесуваат на загадувањето на воздухот, изјави Олга Лозановска советник од ВМРО-ДПМНЕ

Мнозинството и градоначалничката се согласни дека загадувањето е голем проблем, но сакаат сериозно решавање а не инцидентно како што тоа го правела минатата локална самоуправа.
-Не сакам и понатаму да се продолжи со политички игранки, како што се предлог на краткорочни мерки кои апсолутно не го решаваат суштински проблемот со загадувањето. Општина Битола е првата општина освен онаа која е веќе гасифицирана, која од буџетот предвидува 15 милиони денари за проектот гасификација.Во овие два месеци започнаконечно со работа на заобиколницата, и пренасочување не само на товарните возила, туку и на сите преостанати кои што не се со намера да застануваат во нашиод град, а сега се принудени да транзитираат низ него.Благодарение на на меморандумот со здружението Геосфера се изготвија низа активности на терен, што донесоа резултати.Иако Општината има само еден инспектор за животна средина, па во соработка со здружението „Геосфера“ се откри дел од стопанските субјекти кои загадуваат. Така на еден индустриски субјект му беше дадено решение за набавка на филтер за оџакот, на две градилишта и уште една фирма му беше одземен отпадниот материјал што го гореле место дрва,изјави Наташа Петровска градоначалник на Општина Битола

Битола денеска не е во градовите каде што стапија на сила итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот .Ќе се применуваат само во Скопје и Тетово.

Share.