Расправии за изборите во пензионерското здружение во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во просториите на битолското Здружение на пензионери денеска тензично околу седницата на Собрание. Темата се изборите кои треба да се случат за избор на раководство на пензионерското здружение.

Дел од пензионерите со реакција дека актуелното раководство сака да си го продолжи мандатот за уште неколку месеци.

„Одлуката која што треба денеска да ја донесат е со цел да си го продолжат мандатот за уште десет месеци. Ние сме членови на ова Здружение и сакаме да присуствуваме на седницата да видиме што ќе одлучат, но ако сакаат да ги продолжат своите мандати таа одлука ќе биде нестатутарна. Спротивна на статутот,  бидејќи несмее мандатот на избраните претставници да биде повеќе од 4 години, и тоа е продолжување  заради нивни причини кои сметаме дека не се оправдани“ рече Томе Димитровски, пензионер од Битола.

Актуелниот претседател Илиоски вели дека тие се раководат според статутот.

„Изборите се одржуваат на секои четири години според статутот, но во август 2016 година статутот е променет. Во еден член пишува поради усогласување со статутот на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија, терминот предвиден за избори да се продолжи. Ние имаме и препорака од Собранието во Скопје да се усогласиме и изборите да се одржат подоцна, за да нема диспропорција.Нашите членови како делегати во Скопје мора да добијат верифицирани мандати“, рече Илиоски.

Share.