Расте бројот мигранти во Грција

0
160

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е за четири пати поголем, изјави во Атина министерот за миграциска политика Димитрис Вицас. Тој прецизира дека на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти во минатата година дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, додека сега по над 200. Од почетокот на годината преку море во Грција влегле над 7 илјади бегалци и мигранти.

slobodnaevropa.mk