Расте бројот на жртвите од земјотресот во Тајван

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтер најмалку девет лица го изгубиле животот.

Спасувачките екипи и понатаму се во потрага по преживеани. Најмалку уште 60 лица се водат како исчезнати, додека 250 лица се повредени.

Претседателката на Тајван Тсај Ин-вен ги увери граѓаните дека ќе бидат вложени сите напори за потрага по преживеаните. Таа на својата Фејсбук страница напиша оти дошла во Хуалијен денеска за да види како напредуваат напорите за спасување. Тајван се наоѓа во т.н. „Огнен појас во Тихиот Океан“, каде често има земјотреси и ерупции на вулкани.

Share.