Раст во сите гранки освен во ниско градбата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Заев изрази убедување дека проектираниот растот ќе биде постигнат.

„БДП е проектиран на годишно ниво од 3.2% и ние ќе го постигнеме. Единствено каде што паѓаме од сите параметри е ниско градбата. Тоа е поради автопатиштата, неиспорачаните односно неизведените работи, пред сѐ од „Синохидро“, пред сѐ патот Кичево – Охрид, заглавеноста на проектот Миладиновци – Штип, Трансмет и други компании.

Кога ги земате параметрите, колку тие компании работеле лани во првиот квартал споредено со оваа година, тие паднале поради самите проблеми во проектите.

Високо градбата во градежништвото расте. Енергетиката, индустријата, земјоделието – се со раст од  6, 7, 8 и 10 отсто. Извозот во Република Македонија е зголемен за 14,3 отсто во евра, во долари како паралела е повеќе од 31 отсто. ДДВ наплатата, од 1 јануари до 31 мај 2018, во споредба со 2017, е зголемена. ДДВ-то  е доказ за економската активност во државата“ – истакна премиерот Заев.

Премиерот рече дека данокот на добивка и персоналниот данок се зголемени, но економијата живее во Македонија.

„Го знаете податокот – 235 милиони евра, тоа е квартал со најголем број на странски инвестиции од 2007-ма година наваму. Сите овие параметри се за почит. За нас се потврда дека сме на вистинскиот пат“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека Владата е посветена на квалитетни инфраструктурни проекти, кои ќе донесат раст, очекувајќи импулс за раст на странските инвестиции со напредокот во евро-интеграциите и повеќе пари кај граѓаните.

Share.