Расфрлан отпад на патеката кон Орлови Бари

0
514

Се наближува и денот кога повеќето ќе го искористат за излет во природа. Но,  години наназад ни се повторува истата слика после првомајската скара кога отпадоци се оставаат во излетничките места.

Деновиве од наш гледач добивме фотографии за тоа каква е сотојбата на патот кон Орлови Бари.

Вели дека околу повеќето водотеци на оваа патека кои се сливаат во р.Сапунчица имаше повторно расфрлено пластичен отпад.  Дел од отпадот вели дека го собрал и го оставил складиран на самиот влез на патеката (поради неможност да го транспортира). И потсетува дека од овие водотеци се снабдува Битола со вода која ја користиме ние и нашите деца.

Во неговото писмо има и два предлога: глоба за секој собирач на боровинки бидејќи 99% од отпадот го создаваат тие доаѓајки во август секоја година од сите краеви на државата.

Вториот предлог до членовите на планинарски друштва – да организираат барем два пати годишно и акции за собирање на отпад наместо како што пишува да се фалат на Фејсбук со тоа кој побрзо се искачил на Големо езеро, пишува тој во писмото до нас.