Реакции за сечата на шума кај манастирот во Јанковец

0
2642

Жителите на ресенското село Јанковец, алармираат дека се подготвувала масовна сеча на високо квалитетна шума, што се наоѓа на црковен имот околу манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица“. Ваков обид постоел и минатата година, но тогаш жителите велат дека  самоиницијативно организирани , го спречиле соголувањето на планината.

-Преспанско пелагониската епрахија имаше неколку обиди да се исече шумата, по секоја цена сакаат да ја остварат оваа намера. Но, населението нема да дозволи такво нешто, да се исече шумата и даги  соберат пари. Ова е предупредување, шумата ќе ја заштитиме.  Народот е спремен по секоја цена да се запри сечата и да се заштити шумата. Спремни сме да го блокираме  патот до манастирот и да не дозволиме камионите да  минуваат, изјави Митко Нечовски, претседател на МЗ во село Јанковец

Поддршка  имаат  од советниците  и од власта и од опозицијата  во општинскиот совет во Ресен.

-Овој проблем трае 10 години, затоа што во неколку наврати имаше обиди за сечење на шумата. Можете да замислите што ќе се случи да се исече 70 хектари шума  во време кога сите се бориме против загадувањето, за чист воздух, за заштита на животната средина. Тоа за Јанковец ќе биде катастрофа, сите води од врнежите, ќе се слеваат директно во селото. Исто така би се појвиле и огромни свлечишта што  ќе предизвика невидени последици. Апелирам да се запре оваа иницијатива, со цел да се спречи една еколошка катастрофа, рече  Наумче Бузлевски, советник од СДСМ  и жител на Јанковец.

-Сите сме поврзани со манастирот и шумата во Јанковец, ова е уништување на природното богатсво, а  со оваа ситуација не е засегнат само Јанковец, туку цела Преспа. Ние сме подготвени да им помогнеме на жителите во сите понатамошни чекори и постапки што ќе ги преземат за да се спречи сечата на манасторската шума,  рече Јован Тозиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека доколку Преспаснко пелагониската епрахија ја оставри својата намера за сеча на 70 хектари стара дабова шума тоа ќе предизвика еколошка катастрофа. Ја повикаа Преспанско пелагониската епархија да се откаже од оваа намера и да го избегне гневот на мешатаните.Митрополитот Петар вели дека тие не се за сечење на шумата, туку за нејзино обновување. Ќе бидат отстранети само неупотребливите дрвја, практично ќе дојде обновување на шумата. Владиката Петар рече  дека станува збор за црковен имот кај манастирот „Усение на пресвета Богородица“  над Јанковец, а  сечата ќе се спроведува законски. Ги прашува жителите зошто досега не ја заштитиле шумата од дивократци, туку сега реагираат кога треба да се обнови манастирот. Вели дека ако не сакаат да се сечи шумата тогаш тие нека обезбедат пари околу 100 илјади евра што се потребни за обнова на манастирот.