Реакција за оштетените споменици во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Битола подолг период забележува оштетувања на спомен-бистите во Градксиот парк во Битола,но и во околината на Битола каде има вандализам и сериозно оштетување на спомениците, велат во соопштението испратено до медиумите од боречката организација.

„Во летото 2018 година имаше период каде што беа кршени, туркани главите на спомен-бистите, обојувани и истите беа оштетувани таков случај беше со спомен-бистата на Панде Кајзеро. Моментално, покрај обоените спомен-бисти, сериозно се оштетени спомен-бистите на Стерјо Ѓоргиевски и Коле Љачевски-Љачето како и спомен-бистата на Томаќи Димитровски.

Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Битола направи увид на лице место, испративме известување до СВР-Битола, ЈКП„Комуналец”-Битола како и известување до Општина Битола.  Се работи за сериозно оштетување на спомениците и спомен-обележјата и сметаме дека за истите треба да бидат превземени соодветни мерки. Сторителите да бидат најдени и соодетно казнети и во иднина да бидат спречени било какви оштетувања на спомениците и спомен-бистите“ стои во нивната реакција.

Share.